Повремениот репрезентативец на Македонија, Влатко Стојановски се пласираше со Горица во четвртфиналето од Купот на Хрватска.

Ова откако Горица победи против Младост Ждралови со 2:0 а едениот гол беше дело на Стојановски, конкретно првиот и тоа од пенал во 49 минута.

Во четвртфиналето се пласираа и Стефан Ристовски и Динамо Загреб по победата над Бјело Брдо од 3:2, Адеми поради повреда не настапи на овој меч.