Репрезентативецот на Македонија, Стефан Спировски дебитираше со гол за својот нов тим Мариупол, лошо е што неговиот тим загуби со  1-2 од Олександрија.

Спировски во 25. минута погоди за водство на  Мариупол, но домашните стигнаа до пресврт со два гола. Сепак, и покрај поразот на Мариупол, одлини се  ова вести за Благоја Милевски, Спировски е во форма пред дуелите во октомври со Лихтенштајн и Германија во мундијалските квалификации.