Инголштад ја победи Јена во првото коло со 2-1 во Бундеслига 3, секако немаше да привлече никакво внимание овој натпревар да не беше домашниот дефанзивец, Мариан Сар кој постигна два автогола.

Сар дебитираше за Јена  на најлош можен начин, неговиот тим поведе со голот на Ескардо во 56 минута, н отој се „погрижи“ за пресврт, постигна два автогола во 60 и 72 минута  и му донесе победа  на противникот.

Несреќниот Сар во 87 минута беше заменет на мечот.