Ѕвездите на Јувентус, Кристијано Роналдо и Џанлуиџи Буфон направија голем гест по разорниот земјотрес кој ја погоди Албанија.

Две дечиња кои се спасија од земјотресот скокајќи од тераса, добија можност лично да се запознаат со своите омилени фудбалери и да ги добијат нивните дресови.

Малите момчиња во Италија отпатуваа со албанскиот премиер Еди Рама кој помогна да се организира средбата.