Реал Мадрид потешко од предвидувањата славеше на гостувањето кај Алавеш со 2:1 во 15 коло од Ла лига.

По подолга пауза Герет Бејл се најде во составот на Зидан но и ова не донесе ништо конкретно за фаворитот. Серхио Рамос го отвори резултатот во 52 минута по асистенцијата на Крос.

Алавес возврати со гол од гол од пенал преку През во 65 минута.

За победа и три бода за лидерот во Ла лига се погрижи Карвахал во 69 минута.

Со оваа победа Реал Мадрид ја продолжи позитивната низа резултати во најсилното фудбалско првенство во Шпанија каде во следното коло го дочекува Еспањол.