„Делиите“ предизвикаа хаос низ улиците на Берн пред почетокот на мечот меѓу Црвена Звезда и Јанг Бојс во квалификациите за Лигата на шампионите.

Како што јавуваат медиумите од Србија, навивачите на Црвена Звезда претепале еден жител на Берн кој наводно ги испровоцирал претходно.

Полицијата била немоќна да го спречи инцидентот и еден полицаец пукал во воздух за да ја смири толпата.

Мечот меѓу Јанг Бојс  и Црвена Звезда започнува од 21 часот.