Од сите неверојатни потези во кариерата на Диего Армандо Марадона, најмногу се памети она што изведе на денешниот ден пред точно 35 години.

Во четвртфиналето до Светското првенство во Мексико во 1986-та година, во победата од 2:1 над Англија, прво во 51-та минута постигна гол со популарната божја рака, а четири минути подоцна изведе незаборен слалом од својата половина низ шест англиски репрезентатвци и конечно и седмиот, односно голманот Питер Шилтон.

На тие иконски голови после толку години и толку прегледувања навистина нема смисла да се трошат зборови, но „The Analyst“, по повод на годишницата од овој меч објави некои фасцинантни статистки на Марадона од тоа првенство.

Последен играч кој имал удел во 10 гола

На Мундијалот на кој Марадона ја однесе Аргентина до златото постигна шест гола надополнети со пет асистенции. Со тоа е последен играч кој на едно Светско првенство имал барем пет голови и иастенции па е последен што имал учевство во барем 10 голови на својата репрезентација.

Створил повеќе од пола од аргентинските шанси на првенството.

Аргентина во текот на првенството упатила 101 шут во рамки на голот. Тој шутнал 30 пати и уште 27 пати им ја додал на играчите ки шутирале. Вкупно учествувал во 56 проценти од шансите кои Аргентина ги створила.

Никој не издриблал толку играчи.

Во текот на Мундијалот Марадона ги издриблал противничките играчи 53 пати, што и денес е рекорд. Второто место го држи Бразилецот Жаирзињо од 1970 година, неговата бројка е 47, додека трет е Меси со настапот во 2014-та година, кога имал 46 успешни дриблинзи.

Четири од тие 53 дриблинзи ги направи во една акција, кај одној историски втор гол против Англичаните. Во таа прилика истрча 51 метар, а од 1966-тата година, од кога се водат таквите статистики, само три играчи минале повеќе со топката во нозете пред да постигнат гол на СП, но никој тоа го нема направено импресивно како Марадона.

Освен кај голот со Англија, уште рекордни седум пати играл со рака

Англичаните не пропуштија прилика да го споменат и нерегуларниот, но признат гол со рака. Тогаш Диего мина неказнето, но забележано е дека на Мундијалот во Мексико уште седум пати играл со рака, повеќе од било кој играч на Светските првенства.