Македонскиот репрезентативец голман, Дени Елиев успеа да го одбрани невозможното пред крајот на првото полувреме во дуелот на Јагјелонија и Кјелце во фудбалскиот шампионат на Полска.

Натпреварот заврши без голови а моментот за одбележување ги преплави социјалните мрежи во Полска, барем на оние корисници кои го следат ова фудбалско првенство.