Шкупи и Шкендија рамизираа 2:2 во дербито на 1 коло од новата сезона во ПМФЛ. Натпреварот го одбележаа две спротивни полувремиња.

Првото му припадна на домаќинот кој преку двата гола на Дамбое поведе со 2:0.

Во второто полувреме Дориев со својот деби гол за Шкендија намали на 1:2 а Ахмеди во 66 минута ги постави конечни 2:2.

Македонија ЃП го совлада Работнички со 2:1. За домаќините погоди и Боби Божиновски кој со 39 години е највозрасниот играч во ПМФЛ.

Пелистер славеше над Академија Пандев со 1:0 со голот на Хот од 10 минута.

Силекс ја декласираше Беласица со 6:0 а Ренова и Струга одиграа без голови 0:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore