Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа без голови во дербито на 7 коло во Ла Лига, разочарувајќи ја најмногу неутралната публика која очекуваше многу повеќе од соочувањето на градските ривали.

Жоао Феликс имаше одлична шанса да го отвори резултатот во 8 минута по што следуваше уште една убава можност во 39 минута но и во таа ситуација, младиот напаѓач не го погоди голот на Куртоа.


Во второто полувреме, гостинот притисна и преку Бејл, Касемиро и преку Бензема создаде триу изгледни шанси за гол но Облак беше на висина на задачата.

Реал Мадрид по седмото коло останува на лидерското место во Ла лига со бод предност во однос на Гранада и Атлетико Мадрид.