Македоската футсал репрезентација немаше сили за подвиг против БиХ во „Јане Сандански“ откако загуби со 3:2 а победоносиот гол гостите го постигнаа на 12 секунди до крајот.

За Македонија прецизни беа Ранготов до 22 и Рамадам во 38 минута. За БиХ реализираа Сесар во 12, Хркаќ во 35 и Јелиќ во 39 минута и 48 секунда.

Ж

Потсетуваме Македонија настапи без четворица стандардни првотимци, вкупно седумина од планираните не беа во тимот на селекторот Васко Скендеровски.

Ова за Македонија беше трет пораз во групата 4 од Евроквалификациите. Во последното коло Македонија ќе и гостува на Романија на 14 април.