Покрај дербито во Торино каде Барселона го совлада Јувентус со 2:0 и убедливата победа на Манчестер Јунајтед против Лајпциг од 5:0 во вториот термин намент за ЛШ вечерва беа одиграни уште четири натпревари.

Борусија Дортмунд со головите на Санчо и на Халанд славеше против Зенит со 2:0.

Лацио и покрај големиот проблем со заразени со Ковид-19 успеа да освои бод на гостувањето кај Клуб Бриж натпреварот заврши 1:1.

Ференцварош и Динамо Киев ремизираа 2:2 додека Севиља го совлада Рен со 1:0 со гол на Де Јонг од 56 минута.