Десеткуваниот Реал Мадрид не успеа да победи на гостувањето кај Гетафе, одиграа само реми со резултат 0:0.

Зинедин Зидан денеска можеше да смета само на 12 сениорски играчи, не сметајќи го голманот и по резултатот колку тие му фалеа.

Реал Мадрид пропушти убава шанса да дојде на еден бод до Атлетико во битката за титулата во Примера, а сега им се заканува и можно минување од Барселона на табелата која што тек треба да го одигра мечот од ова коло.

Реал сега има 67 бода, односно три помалку од лидерот Атлетико, а два повеќе од третата Барселона, која што има и меч помалку. Но, не е само Барселона. На три бода од Реал Мадрид е четвртата Севиља. Како и да е, едно е сигурно во Шпанија не очекува доста возбудлива битка за титулата.

Standings provided by SofaScore LiveScore