Трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд е жешка тема ова лето, но младиот норвешки напаѓач се уште е член на клубот од Дортмунд, со кого денеска одигра подготвителен натпревар против Атлетик Билбао.

Натпреварот се играше во Швајцарија, во Сент Гален, а во еден момент беше прекинат поради младо момче, кое не можеше да го дочека крајот на мечот и влета на теренот за да добие автограм од својот идол.

Момчето пристојно почека топката да излезе од игра па влезе пред изведувањето на корнер, а Халнд радо прифати и му се потпиша на маицата пред да го испрати надвор од теренот.

Според снимката може да се види дека не момчето не му беше сеедно кога кон него тргна полицаец, затоа што сепак направи прекршок поради кој кога ќе дојде полнолетноста може да влезе во сериозни проблеми, но сепак само мирно беше испратен од теренот.

Натпреварот веднаш беше продолжен, а Атлетик победи со 2:0 со головите на Раул Гарсија од пенал во 50-тата минута и Дани Вивиани во 57-та минута.