Драматично реми, со шест гола меѓу Сасуоло и Наполи во воведниот натпревар од Серија А вечерва во 25 коло.

По првото полувреме беше 2:1 за Сасуоло по автоголот на Макимовиќ и оној на Берарди од пенал, за Наполи погоди Зиелински.

Во второто полувреме во 67 минута во игра влезе Елиф Елмас, пет мидути подоцна Ди Лоренцо го израмни резултатот на 2:2.

Вистинската драма започна во 89 минута, над Ди Лоренцо беше направен пенал кој Инсиње го превтори во гол за водство на гостите од 3:2.

Во 95 минута, Ди Лоренцо направи пенал и му даде шанса на Сасуоло кој преку Капуто ја искористи за конечни 3:3.

Standings provided by SofaScore LiveScore