Аргентинецот пристигна во Торино и денеска ќе го има клучниот состанок со Маурицио Сари околу неговата иднина во Јувентус.

Според „Калчомеркато“, Дибала се чуствувал предадено од „Старата Дама“ откако било побарано од него да ја прифати понудата од Јунајтед и со тоа Лукаку да го заземе неговото место во тимот од Торино.

Сари по пристигнувањето во Јувентус изјавил дека смета на Дибала и верува во неговите квалитети но две недели подоцна работите се промениле.

Дибала сакал сам да одлучува за неговата иднина а не да му биде наметнато во кој клуб да продолжи и поради ова можно е трансферот во Манчестер да не биде реализиран.

Италијанските новинари прогнозираат дека Сари ќе успее да го убеди Дибала да замине во Англија но исто така велат дека пријателите на напаѓачот имаат големо влијание по размислувањето на Аргентинецот и тие може да одиграат клучна улога во целата трансфер сага.