Јувентус уште во 3.минута од мечот против Торино го отвори резултатот пред се благодарение на Паоло Дибала кој направи „дар-мар“ во шеснаесетникот на градскиот ривал.

Единствена опција на овој натпревар за „старата дама“ се трите бода со кои ќе ја одржат предноста во однос на Лацио во борбата за Скудетото.