Јувентус во дерби мечот против Атлетико Мадрид на полувреме има минимална предност од 1-0. „Старата дама“ до водство дојде во финишот на првиот дел со голот на Дибала, која ја потврди одличната голгетерска форма во која се наоѓа.

На Јувентус им е доволен и бод за да ја заверат првата позиција во групата, а доколку шпанците загубат, својот пласман во осминафиналето ќе го отврдуваат  во последното коло.