Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне не баш најспортски го прифати поразот од Ливерпул во третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Ливерпул дојде од тешка победа иако на стартот поведоа со 0:2, па се мислеше дека лесно ќе го минат Мадрид.

Сепак Антоан Гризман со два гола донесе 2:2, а потоа и направи глупост за која доби директен црвен картон.

Ливерпул на крајот победи со голот на Мохамед Салах од пенал. Се ова сигурно го зголеми незадоволството кај Диего Симеоне кој реши да не се ракува со Клоп по крајот на мечот.