Интер и Аталанта одиграа нерешено 2-2 во Милано, четири  гола, промашен пенал, пресврти, екстра гол на Малиновски, трагичар Димарко кај домашните кој не искористи пенал…

Се започна добро за шампионот на Италија, Лаутаро Мартинез погоди за водство по 5 минути игра, а потоа Малиновски погоди на масетрален начин за 1-1.

Следуваше пресврт со голот на Толои, Аталната води со 2-1 по првиот дел. Интер успеа да израмни преку Џеко во 71 минута, а потоа Димарко не искоирсти пенал за Интер во 85 минута.

Неколку минути подоцна беше поништен гол на Аталанта поради гол-аут и средбата завршува 2-2 ! Интер има 14 бода, додека Аталната 11 по средбата вечерва.