Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски е херојот на Рајо Валјекано во победата над Барселона од 1:0 во 11 коло од Ла Лига.

Домаќините победија со голот на Фалкао од 30 минута кога ветеранот успеа да го надмудри Пике и да го совлада Тер Штеген.

Во 72 минута, Барселона доби шанса за израмнување, но Депај не успеа да го совлада Столе Димитриевски од белата точка.

Лидерот на табелата Севилја со гол во 96 минута славеше со 2:1 кај Мајорка.

Standings provided by SofaScore LiveScore