Три екипи вечерва обезбедија пласман во групната фаза на Лигата на шампионите, до елитата на УЕФА стигнаа Динамо Киев, Ференцварош и Олимпијакос.

Динамо Киев со 3-0 го реши Гент и со вкупни 5-1 обезбеди место во елитата. Головите за тимот од Украина ги постигнаа, Бујалски, Де Пена и Родригеш.

Ференцварош и Молде одиграа 0-0, првата средба во норвешка заврши со 3-3, без голови меѓу Омонија и Олимпијакос, претставникот на Грција на првата средба запиша победа со 2-0.