Фудбалерите на Аталанта во исклучително важен меч го совладаа Динамо Загреб со 2-0 и делумно им се реваншираа за убедливиот пораз во Загреб од 4-0.

Стрелци за тимот од Бергамо беа Муриел во 27 минута и Гомез во 54, а за хрватскиот шампион сите 90.минути ги одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Со оваа победа Аталанта влезе во трка за втората позиција на табелата со екипите на Динамо Загреб и Шахтјор, кој во вториот меч од оваа група го изненади Манчестер Сити и на „Етихад“ одигра 1-1.