Динамо Загреб и Легија одиграа 1-1, натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите.

Хрватскиот првак поведе со голот на Петковиќ во 60 минута, гостите стигнаа до супер резултат преку Муци во 82 минута за одличен резултат по првата средба.

Стефан Ристовски го одигра целиот меч за Динамо Загреб, на реваншот на 10 август шампионот на Хрватска ќе мора да постигне најмалку еден гол за влез во плеј-офот во ЛШ.