Македонскиот репрезентативец повторно беше  еден од најдобрите во составот на Динамо Загреб, кои на гостински терен славеја над Вараждин со 1-3.

Македонскиот репрезентативец покажа дека игра во животна форма и успеа да го отвори резултатот, а по пет минути и да изнуди пенал за „модрите“.

Игрите на Адеми не останаа незабележани од страна на европските гиганти и последните денови се шпекулира дека по крајот на сезоната ќе засили еден од московските гиганти, ЦСКА Москва или Спартак Москва.