Хајдук го победи Динамо во Загреб со 3-2 на „Максимир“. Сплиќаните славеа со два гола на 19. годишниот Чуиќ, и автоголот на Теофил.

Головите за Динамо се дело на Иванусец и Орсиќ. Играч на натпреварот е младиот Чуиќ од Хајдук, има само 19 години, блесна со два гола во големото дерби на Хрватска.

Аријан Адеми ги одигра сите 90 минути на средбата.