Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги и покрај тоа што не е стандарден првотимец во екипата на Клоп одлучи да стави потпис на нов договор.

Стрелецот на решавачкиот гол за Ливепрул во финалето од ЛШ против Барселона стави потпис на повеќегодишен договор.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по продолжувањето на соработката со Ориги потврди дека напаѓачот ќе има важна улога во неговата екипа во новата сезона.