Фудбалерите на Барселона Лионел Меси и Луис Суарез никако не можат целосно да се релаксираат за време на семејниот одмор на Ибица.
Денеска двајцата фудбалери беа информирани дека полицијата мора детално да ги прегледа нивните автомобили откако добила дојава дека во нив се наоѓаат експлозивни направи.
Автомобилите се паркирани на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона додека фудбалерите се на одмор. Полицијата преку телефонски повик била информирана за две бомби на аеродромот, токму во нивните возила. На крајот се покажало дека станува збор за лажна информација.
Comments are closed for this post.