Првото „Ел класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид во новата сезона се игра денеска на Камп Ноу од 16 часот.

„Кралскиот клуб“ доаѓа на мегдан против најголемиот ривал во серија од два порази, но тренерот Зинедин Зидан ги уверува навивачите дека тимот не е во криза и оти нештата ќе ги сврти во своја корист токму против Барселна.

На последното соочување во Барселона, мечот за врши без голови, а традицијата вели дека „Ел класико“ без голови се повторува на секој седум до девет години.