Нисколигашот Колчестер синоќа приреди огромна сензација, откако по пенали го елиминираше Тотенхем во Лига купот на Англија.

Сепак, во центарот на вниманието беше младиот фудбалер на Колчестер, Џевани Браун кој се посрамоти во обидот да шутира „паненка“ во пенал серијата.  Тој толку слабо и млако биеше, што голманот на Тотенхем, Пауло Газанига со тупаница како на плажа ја изби топката во поле.