Доминацијата на европскиот првак Баерн Минхен во изборот на најдобрите европски фудбалери за минатата сeзона продолжи со прогласувањето на Џошуа Кимих за најдобар дефанзивец.

Ова откако претходно УЕФА го избра чуварот на мрежата на „баварците“ Мануел Нојер за најдобар голман на стариот континент.

25-годишниот Џошуа во Баерн е од 2015 година, кога дојде од редовите на Лајпциг.

Со неговиот гол, Баерн Минхен вчера освои уште еден триумф совладувајќи ја Борусија Дортмунд  во германскиот Супер куп.