Спал и Милан одиграа нерешено 2-2, домашните играа цело второ полувреме со играч помалку, „росонерите“ упатија речиси 40 удари кон голот на противникот.

Со голот на Валоти во 13 минута, Спал поведе против Милан во првото полувреме, целата одбрана на „росонерите“ делуваше без реакција.

Флокари во 30 минута на неверојатен начин го матираше Донарума, лоб од 30 метри, голманот на Милан немаше шанси да одбрани.

До крајот на натпреварот, Милан прво намали на 2-1 преку Леао, во 94 минута автогол постигна Викари и ги постави конечните 2-2.

На останатите вечерашни средби, Верона ја победи Парма со 3-2, Лече загуби од Сампдорија со 1-2, Сасуоло беше подобар од Фиорентина во Фиренца со 3-1.