Борусија Дортмунд иако на стартот фаворит во групата на пролет нема да игра во Лигата на шампионите, ќе мора да се задоволат со елиминации во Лигата на Европа.

Вечерва подобри од тимот од Дортмунд беше Спортинг Лисабон, кои славеа со 3:1 на домашен терен.

Стрелци за домаќините на два пати беа Педро Консалвеш и Педро Поро, додека конечните 3:1 ги постави Донеил Мален.

Манчестер Сити пак во А стигна до победа над ПСЖ со пресврт, сите голови паднаа во второто полувреме. Водство за парижаните донесе Килијан Мбапе, додека пресврт донесоа Рахим Стерлинг и Габриел Хесус.

Клуб Бриж пак заработи пораз на домашен терен со 0:5 од Лајпциг.