Борусија Дортмунд со 0-2 славеше на гостувањето кај Волфсбург и стигна до нови три бода со кои го одржа чекорот со Баерн Минхен во борбата за титулата.

„Милионерите“ поведоја во 32.минута по една одлична акција со голот на Гереро, а конечните 2-0 ги постигна Хакими во 78.минута. На овој меч изненадувачки во листата на стрелци не успеа да се запише норвешката сензација Ерланд Халанд.

Во вториот дерби меч Баер Леверкузен на крилата на Кравец кој постигна два погодоци славеше кај Борусија Менхенгладбах со 1-3. Со оваа Леверкузен се искачи на третата позиција пред денешниот ривал во борбата за третото место.

На преостанатите мечеви Падерборн и Хофенјам одиграа 1-1, додека Вердер славеше на гости кај Фрајбург со 0-1.