Екипата на Борусија Дортмунд ја совлада екипата на Лајпциг во рамките на 32.коло од Германската Бундес лига и ги продолжи шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

„Милионерите“ водеа со 2:0 со головите на Ројс во 7. минута и на Санчо во 60. минута, меѓутоа „биковите“ изедначија преку Клостерман во 63. минута и Дани Олмо во 77. минута. Во финишот Санчо реализираше за победа на „жолто-црните“, и продолжување на шансите за Европа следната сезона.

Победата за Борусија беше неопходна зашто „милионерите“ со триумфот сега го прескокнаа Ајнтрахт Франкфурт и стигнаа до два бода пред директниот ривал за место во ЛШ.

Победата на Дортмунд значеше и официјално дека Баерн Минхен е новиот шампион на Германија кој  својот меч ќе го одигра од 18.30 со Борусија Менхенгладбах но тој ќе биде од рутинско значење по денешниот пораз на Лајпциг.

За Баерн Минхен ова е девета титула во низа и 31. во клупската историја со што тимот од Минхен останува најтрофеен во Германија.

Од преостанатите натпревари:

Хофенхајм 4:2 Шалке
Вердер Бремен 0:0 Баер Леверкузен
Волфсбург 3:0 Унион Берлин