На тешкото гостување во Истанбул кај Бешикташ, екипата на Борусија Дортмунд успеа да дојде до значајна победа и покрај тоа што составот на „Милионерите“ е практично десеткуван.

Борусија ја заврши својата задача уште во првото полувреме, кога најпрво Белингем по асистенција на Мение во 20 минута погоди за водство, за длабоко во судиското надополнување младиот Англичанец да му асистира на Ерлинг Халанд за 2:0.

До крајот на мечот Дортмунд се изнапромаши , па сето тоа можеше да биде казнето откако намали Бешикташ преку Монтеро во 94.минута , но среќа по Дортмунд тоа остана конечен резултат.