Во дуелот на двете Борусии, екипата од Дортмунд запиша победа во Менхенгладбах со 1-2 и се искачи на второто место на табелата.

Гостите од Дортмунд поведоа со голот на Торган Азар  по само 8 минути игра.

Менхенгладбах израмни во второто полувреме, Штиндл погоди за 1-1 по пет минути игра.

Победата на „милионерите“ од Дортмунд им ја донесе Хакими во 71 минута. Со овие 3 бода Борусија Дортмунд се искачи на второто место на табелата во Бунделсигата.