Навивачите на Манчестер Сити со негодување го дочекаа последниот свиреж на Мајкл Оливер во дербито со Тотенхем. Дуелот на „Етихад“ заврши 2:2 а актуелниот шампион на Англија мораше да се помири само со освојување на 1 бод.

Стерлинг и Агуеро постигнаа по еден гол во првото полувреме а Ламела беше прецизен за Тотенхем па со 2:1 за „граѓаните“ се замина на пауза.

Во второто полувреме Лукас израмни на 2:2 во 56 минута но вистинската драма следуваше во судиското надополнување.

Жезус го совлада Лорис во 92 минута но по прегледувањето на снимката со помош на ВАР технологијата поради игра со рака на Лапорт голот беше поништен.