Манчестер Јунајтед ја прекина низата без пораз на Арсенал, а воедно се врати на победничките патеки во Премиер лигата откако славеше во дербито на вечерта во 14 коло со 3:2.

Арсенал поведе преку Смит Ров по комичната реакција на Фред и Де Геа во 13 минута, на ова Јунајтед одговори со голот на Фернандес во 44 минута.

Во втотото полувреме, Рашфорд го проигра Роналдо во 52 минута за 800 гол во кариерата на Португалецот за 2:1.

Одегард израмни на 2:2 во 54 минута, по што Фред успеа да изнуди пенал по спорна ситуација во 70 минута кој го реализираше Роналдо за 3:2.