Лајпциг синоќа ремизираше со Хофенхајм 0:0, но сепак доколку не беше ВАР ќе славеа над Хофенхајм во рамките 29 коло од Бундес лигата.

Лајпциг во текот на цел меч беа поопасни, а посебно добро тимот на Јулијан Нагелсман играше во вториот дел, кога се изнапромашуваа Нкунку, Адамс, Шабицер, Сорлот.

Гол постигна во 96-тата минута Јусуф Поуслен. Но, спеак по преглед на ВАР системот, голот беше поништен.