Фудбалерите на ФК Кадино имаат за што да жалат откако освоија само еден бод во дуелот со Дрита од 13 коло во ВМФЛ.

Домаќините водеа два пати со 1:0 и со 2:1 а на пет минути до крајот Дрита со голот на Љума дојде до пресврт.

На ова му предходеше промашувањето на Дарио Десниќ од белата точка за екипата на Кадино па домаќинот до крајот мораше да се спасува преку Ивановски во последната минута од регуларните 90.