Болоња го победи Спал со 1:0 во 2 коло од најсилната фудбалска лига во Италија, додека на клупата седеше Синиша Михајловиќ. Стратегот на домаќините смогна сили да го го води дуелот и на крајот да се израдува на првата овосезонска победа на Болоња во Серија А.

Фредерико Сантандер постигна гол во 91 минута но поради офсајд беше поништен. По ова следуваа низа реакции од играчите на домашниот тим кон судиите но мечот продолжи.

Шест минути надополнување и гол во 94 минута од Роберто Соријано по одличното додавање од Орсолини и драматична прослава на трибините но и на клупата.

Во следното коло Болоња ќе и гостува на Бреша а Спал ќе го пречека Лацио.