Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов за прв пат по рестартот на сезоната доби шанса за настап во тимот на Штутгарт, кои во дербито на Втората германска лига направија комплетен пресврт против Хамбург и од 0-2, славеа со 3-2.

Чурлинов во игра влезе во 78.минута на местото Вамангитука и за само 15.минути успеа да му даде до знаење на тренерот Матаразо дека заслужува повеќе шанса за настап, откако за малку не се впиша во листата на стрелци.

 

Херој за Штутгарт беше искусниот Гонзало Кастро кој во судиското продолжение од натпреварот заби за победа и комплетен пресврт во дуелот со главниот ривал за место во Бундес лигата наредната сезона.