Брајтон во драматичен финиш извлече попладнево бод на домашен терен против Ливерпул 1-1 во меч со многу возбудувања и драматичен финиш.

Ливерпул беше на чекор до триумф, откако поведе преку Португалецот Жота на асистенција на Салах по еден час игра и ја чуваше предноста до судиското продолжине.

Брајтон во првиот дел промаши пенал преку Нил Мапај, но вториот удар од белата точка во 92 минута  го искористи преку Грос.

Претходно, Салах и Мане остигнаа голови за „црвените“ кои главниот судија по консултација со ВАР собата ги поништи поради офсајд.