Силекс ги заврши настапите на меѓународна сцена, Дрита од Косово запиша победа на арената „Тодор Проески“ со 2-0 и го елиминира македонскиот тим од Европа лигата.

Силекс не создаде изгледни шанси за гол, косовскиот тим поведе со голот на Гербеши од пенал во 48 минута. Победата на Дрита ја потврди Лимани во 80 минута. На водството на Дрита од 2-0 преходеше црвен картон на Грозданоски од Силекс.