Гимараеш и Арсенал одиграа 1:1 во 4 коло од групната фаза во Лига Европа во натпревар на кој гостинот од Лондон ја држеше топката но домаќинот беше поопасниот тим.

Арсенал и покрај проблемите во пристапот успеа да дојде до предност преку Мустафи во 81 минута но радоста на „топџиите“ кратко траеше.

Дуарте со атрактивен удар во 91 минута го совлада  Мартинез за прв бод на Гимараеш оваа сезона во групата Ф.

Во следното коло Арсенал е домаќин на Ајнтрахт Франкфурт а Гимараеш го дочекува Стандард.