Челси го победи Ливепрул со 1:0 на „Енфилд“ и дополнително ја продлабочи кризата во која се наоѓа составот на Клоп.

Дуелот на Ковачиќ и Мане во кој фудбалерот на Челси во целата ситуација успеа со топка да го погоди Мане во глава предизвика гнев на теренот но и на социјалните мрежи по натпреварот.

Дали за ова требаше Ковачиќ да заработи исклучување е дискутабилно прашање во најмала рака, но барем видовме искра кој потсети на дуелите на Жерард и Лампард или ако повеќе сакате на Карагер и на Балак.