Група навивачи на Фиорентина тргнаа против Душан Влаховиќ после поразот од 1:0 против Венеција во последниот меч од Калчото, а тоа го докажув аи видео снимка снимена од трибините.

Тоа беше прв меч на српскиот шпиц за клубот откако е потврдено дека одбил да го продолжи договорот.

Играчите на Фиорентина по мечот отидоа со ракоплескање да се поздрават со фановите кои ги следеа на гостување, а од нив добија критики за играта и резултатот.

Посебно на удар се најде Влаховиќ, кој е желба на најголемите вропски клубови, што е и причина зошто одбива да го продолжи договорот.

Влаховиќ има договор со Фиорентина до летото 2023-та година, а клубот се труди да му го продлжи со клаузула за негово заминување за 70 или милиони евра, истовремено на својот напаѓач му понудија и плата од осум милиони евра по сезона, за продолжување кое тој го одби.