Горан Пандев доби 30 минути на средбата меѓу Спал и Џенова, натпреварот заврши 1-1, со два гола за само две минути во второто полувреме.

Спал поведе со голот на Петања во 55 минута за предност на домашниот тим.

Гостите израмнија само две минути подоцна со голот на Стураро за 1-1 што се покажа како конечен резултат.

Пандев доби 30 минути на оваа средба, ја раздвижи играта на Џенова, учествуваше во неколку акции и асистираше но тимот на капитенот на македонската репрезентација не успеа да запише прва гостинска победа сезонава.

Џенова има 10 бода на 18 место, Спал со 9 бода е на 19 место во калчо лигата.