Јувентус е во неповолна позиција по првото полувреме со Лион, резултатот  1-1 по првите 45 минути, голот за водство на гостите е дело на Депај  во 12 минута од пенал кој со „паненка“ го реши голманот на „старата дама“.

Јувентус се врати резултатски, од пенал реализираше Роналдо во 43 минута за 1-1 по првите 45 минути, го запиша 129 гол во Лигата на шампионите. Лион има предност по првата средба со 1-0.

Во Манчестер по првиот дел е 1-1 меѓу Сити и Реал Мадрид. Стерлинг го доведе Сити во водство, Бензема израмни  за Реал Мадрид, првата средба заврши со 2-1 за Сити.